Системи за еднонасочно напојување

ИЦС Консалтинг Инженеринг како претставник на Емерсон на македонскиот пазар ја нуди целата палета на системи за еднонасочно напојување на овој производител. Овие производи ги задоволуваат најригорозните барања на корисниците напојување, притоа истите се расположливи од најмали до најголеми конфигурации обезбедувајќи ефикасна дистрибуција во телекомуникациските и податочните центри.

Емерсоновата линија на системи за еднонасочно напојување покажува неспоредлива доверливост и водечка ефикасност за напони од 24, 48 и 400 волти еднонасочен напон. Исправувачите на Емерсон, срцето на системот за напојување, се одликуваат со највисока густина на моќност и најниска потребна површина. Овие решенија за напојување може да се унапредуваат со додавање на интелигентни контролери, далечински системи за надзор, единици за управување со батериите и дистрибутивни модули.

Податоци за производите се дадени на веб-страната на Емерсон.


Системи за надзор

Сигурни информации за состојбата на корисничката инфраструктура се важни за да се постигне ефикасно користење на ресурсите. Функционирање без информации во реално време може да доведе до испади и продолжено време вон работа што чини пари и време за бизнисот. Решенијата за надзор кои ги обезбедува ИЦС Консалтинг Инженеринг од производителот Емерсон помагаат за да се избегнат овие загуби за бизнисот и да се одржи инфраструктурата во врвна форма. Во одредени случаи, како што се батериските системи, се зголемува и животниот век на производот.

Емерсон обезбедува системи за надзор на:

  • Податочни центри
  • Системи за непрекинато напојување
  • Системи за еднонасочно напојување
  • Батериски системи
  • Телекомуникациски мрежи
  • Околината

Податоци за производите се дадени на веб-страната на Емерсон.

Системи за непрекинато напојување UPS

ИЦС Консалтинг Инженеринг како претставник на Емерсон на македонскиот пазар ја нуди целата палета на системи за непрекинато напојување на овој водечки светски производител. Овие производи ги задоволуваат најригорозните барања на корисниците за напојување, притоа истите се расположливи од најмали до најголеми конфигурации обезбедувајќи ефикасна дистрибуција во податочните центри и секаде каде што непрекинатоста на напојувањето е критично во работата.

Системите за непрекинато напојување на Емерсон може да се дизајнираат да ги задоволат специфичните барања во разни индустриски примени:

  • Транспортна инфраструктура
    • Напојување за контрола на авио-сообраќајот и светлосната сигнализација
    • Сообраќајна сигнализација во железничкиот сообраќај
  • Нафтена и гасна индустрија
  • Класични енергетски централи
  • Пренос и дистрибуција на енергија
  • Телекомуникации
  • Процесно производство

Во портфолиото на Емерсон присутни се две линии на системи за непрекинато напојување – Либерт (Liebert) и Хлорајд (Chloride)


Податочни центри

ИЦС Консалтинг Инженеринг локално го поддржува Емерсоновиот концепт Efficiency Without CompromiseTM, оптимизирање на дизајнот на инфраструктурата на податочните центри, како и ефикасноста на оперативното работење и управување со користење на технологии за климатизација, напојување и надзор.

Иновацијата и ефикасноста се сржта на индустријата за информациски технологии. И сè повеќе во фокусот на секој податочен центар е енергетската ефикасност за подобрување на оперативните работи и намалување на оперативните трошоци. Емерсон ги разбира предизвиците за воспоставување на права инфраструктура за да ги поддржи корисничките оперативни работи на бизнис-критичните податочни центри, нуди одговори на овие прашања и ги пресретнува истите обезбедувајќи иновативни решенија така што корисниците може да се сосредоточат на нивниот бизнис.

Детални информации се дадени на веб-страната на Емерсон.