Судски системи за снимање

ИЦС Консалтинг Инженеринг како претставник на СРС (Специјални системи за снимање) од Украина, на балканскиот пазар ги нуди нивните судски системи (СРС Фемида) за снимање.

СРС Фемида системот за аудио и видео снимање претставува иновативно решение, наменето пред сè за потребите на правосудните органи, кое обезбедува објективна регистрација на судските рочишта/постапки, преку аудио и видео снимање на судските процеси и истражни постапки  со  8 аудио-канали и видео-камери, овозможува висок степен на транспарентност, креирање во реално време на записници од настаните со индикации за учесниците и настаните од судските рочишта, по хронолошки редослед. Исто така овозможува едноставно и автоматско креирање на електронски и печатени записници, потпишани со дигитален потпис, креирање на податоци за случајот, аудио и видео записи и записник од процесот.

Како посебен дел е потсистемот за заштитен сведок кој овозможува скривање на идентитетот на заштитениот сведок.

Целиот оперативен систем исклучува можност за неавторизиран пристап до податоците снимени на тврдиот диск, со користење на предефинирани шаблони за различни судски постапки. Снимените судски рочишта на ЦД/ДВД може да бидат репродуцирани на кој било компјутер, без инсталација на дополнителен софтвер

Конференциски системи

Конференциските системи што ги обезбедува ИЦС Консалтинг Инженеринг се напредни, лесни за користење, компактни и со мала тежина. Истите обезбедуваат флексибилни можности за сите видови на конференции, од мали, неформални собири, до меѓународни повеќејазични конгреси со илјадници делегати.

Description: conferencing_system_4

Тие се едноставни за користење, интерактивни и многу разновидни, кои им обезбедуваат и на претседателот и на делегатите многу напредни функции што го подобруваат процесот на комуникација и осигуруваат непречено водење на голема конвенција.

Конференциските системи нудат мултифункционално конференциско решение интегрирано со дискусијата, електронското гласање, регистрацијата на присуство, приоритет за претседателот, дисплеј, вграден звучник, слушање на наглавни слушалки, дигитално снимање и софтверска контрола.