Фиксни Пристапни Мрежи

ИЦС Консалтинг Инженеринг нуди широка палета на решенија на Алкател-Лусент за пристапни мрежи со висок капацитет преку бакарен или оптички медиум, за да ја задоволи сè поголемата потреба на операторите и јавните институции за ултра брз пренос. Ние ги овозможуваме најбрзите и најекономичните решенија со кои се задоволуваат барањата на корисниците и технологијата.

Оптички Пристапни Мрежи

Со помош на решенијата на Алкател-Лусент, ИЦС Консалтинг Инженеринг ви помага да изградите оптичка мрежа на иднината. Со нашите решенија, секогаш ќе бидете еден чекор пред потребите на корисниците за поголем проток, комбинирајќи ја нашата стручност во планирање на пристапни мрежи и оптичките решенија на Алкател-Лусент со најголем капацитет на пазарот. Со големото искуство кое го имаме, ги намалуваме ризиците на Вашиот бизнис, воедно зголемувајќи ја искористеноста на Вашата мрежа.

Бакарни Пристапни Мрежи

Со користење на VDSL2 Vectoring решение на Алкател-Лусент можете да добиете подобри перформанси од вашата постоечка бакарна мрежа. Водечки светски оператори ширум светот го користат VDSL2 Vectoring решението, кое обезбедува брзини до 100 Mbit/s на растојанија до 600 метри, користејќи ја постоечката бакарна инфраструктура.

Линк

Транспортни Мрежи

Безжичен Пренос

Микробрановите радио системи кои ги нуди ИЦС Консалтинг Инженеринг се дизајнирани да им овозможат на операторите максимално искористување на спектарот истовремено намалувајќи ги трошоците на одржување. Користејќи ги најсовремените технологии за пакетски пренос, овие уреди овозможуваат лесно пренесување на сите видови на сообраќај, истовремено зафаќаат многу мал простор, енергетски се ефикасни и применливи во каква било мрежна топологија.

Системот 9500 MPR (Microwave Packet Radio) на Алкател-Лусент, кој е дел од понудата на ИЦС Консалтинг Инженеринг, е идеален за потребите на мобилни оператори, енергетски компании, транспортни системи и јавниот сектор.

Оптички Пренос

За да ја задоволи растечката потреба од етернет базиран сообраќај за пренос на мобилни и видео сервиси, ИЦС Консалтинг Инженеринг во својата понуда вклучува скалабилни решенија на оптички уреди кои работат врз WDM платформа, имаат ниски трошоци на одржување, овозможуваат диференцирање на сервисите и максимално искористување на инвестициите. Со решенијата на Алкател-Лусент останете секогаш еден чекор пред барањата на корисниците. Ние нудиме модел на мрежа кој има капацитет, флексибилност и брзина да ги задоволи сите барања на пазарот.

IP Транспорт

Со помош на опремата на Алкател-Луцент и искуството и стручноста на ИЦС Консалтинг Инженеринг, изградете ја вашата мрежа со IP транспортни решенија кои се дизајнирани да ги задоволат барањата на зголемен сообраќај за пренос на видео, телевизија и виртуелизација со голема доверливост. Производите од фамилијата 75ХХ нудат извонредно скалабилни решенија од IP core routing, IP service routing и IP edge routing. Надополнето со извонреден менаџмент систем за управување и одржување на ИП мрежата  со кое корисникот добива целосно решение кое сигурно ќе му помогне во неговиот деловен развој.

Решенија

Портфолиото на Motive Customer Experience Solutions, кое на македонскиот пазар го нуди ИЦС Консалтинг Инженеринг, се состои од пакети решенија и консултантски услуги, сè дизајнирано да ги опфати различните, критични допирни точки во односите меѓу добавувачите на комуникациски услуги и нивните корисници.

Овие услуги ја прошируваат видливоста и контролата на целата верига на испорака на услугите со рационализација на дејствата за грижа за корисниците и  управување со услугите. Ги намалуваат трошоците за поддршка притоа испорачувајќи супериорно корисничко искуство со автоматска дијагностика, решавање на проблемите и анализа на причините.