НОКИА ДЕН ВО МАКЕДОНИЈА

НОКИА и овластениот партнер за Македонија, ИЦС Консалтинг Инженеринг на 6-ти Декември, 2018 во Хотел Мериот го одржаа НОКИА ДЕН во Македонија

This image has an empty alt attribute; its file name is Nokia_day_1_photo_Vangel_Tanuro-784x1024.jpg

НОКИА и партнерот ИЦС со задоволство ја претставија визијата на НОКИА за дигитализација во транспортот, енергетиката, комуналните услуги како и во јавниот сектор и безбедноста. На настанот присуствуваа повеќе од стотина посетители специјалисти во своите области.

Презентациите за улогата на НОКИА во транспортот (патишта, железници, воздушен сообраќај), енергетиката и јавната безбедност ги одржаа гости од НОКИА врвни експерти во своите области. Настанот со своето присуство го поддржа и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски кoj и го отвори настанот.

Во своето обраќање министерот Манчевски се осврна на активностите на кои во моментов работи министерството за информатичко општество и администрација и Владата, со цел дигитализација на Македонија, односно дигитализација на услугите, отворање на податоците со цел зголемување на транспарентноста, но и отворање на нови иновативни бизниси, како и гарантирање на безбедноста во тие процеси.

Визијата на НОКИА за дигитализација во транспортот, енергетиката, комуналните услуги како и во јавниот сектор и безбедноста ја презентираше Г-дин. Патрик Лангелаан, Потпретседател на Нокиа за Јужна Европа. Mr. Patrick Langelaan , Vice President of NOKIA for South Europe.  

Презентациите по области ги одржаа:

-Нокиа во Транспортот- долга историја на успеси: од ТДМ до Идниот Х (from TDM to FutureX) од Ролф Сигрист одговорен во Нокиа за Глобален деловен развој на Транспортни решенија

- Претставување на Идниот X за Енергија/ електро-енергетика, трендови на пазарот за електро-енергетика, примери од Европа Доминик Верхулст – Потпретседател на сегмент Енергија - Нокиа Европа

-Нокиа во Критични вмрежувања & идни развојни планови ја презентираше Тимо Бакер – Директор за Јавна безбедност и Одбрана – Нокиа Европа