Светскиот Тетра конгрес и 17 –тата конференција за Светот на Критични Комуникации 2015

На 17-тата конференција за критични комуникации и светскиот тетра конгрес заедно беа присутни учесници од целиот свет, започнувајќи од корисници, оператори до производители. Преку 4000 посетители и 200 презентери водеа дискусии и семинари за јавната безбедност и комерцијално користење на критичните комуникации. Конгресот понуди одговори на многу прашања за развојот и испораката на комуникациите во критични мисии. Беа презентирани витални информации за сите аспекти на користење на ТЕТРА мрежите и Мобилниот бродбенд за критичните мисии.

Во Барселона главна тема беше како да се користи широкопојасниот интернет во масовните критични комуникации. Посебен фокус имаше на опремување на полициски возила со мултимедијална опрема која овозможува различни сервиси како пренос на глас, HD видео, видео надзор, собирање на податоци, лоцирање на положба, биометричка идентификација на осомничен, препознавање на лик, препознавање на регистарски таблици на возила, систем за следење на возила, гласовна и податочна комуникација преку Тетра мрежи, читач на отпечаток од прст и многу други.

Програмата на конференцијата не само што прикажа многу корисни деловни студии и иновации туку ги истражи и критичните широкопојасни технологии и решенија. Слушнавме како мобилните бродбанд технологии, специфично ЛТЕ, може да биде комбиниран со безбедносни радио комуникации за да се обезбедат податочни и гласовни врски за корисници во критични ситуации.

Исто така беше презентирано користењето на Тетра мрежи во функција на подобрување на аеродромското работење, обезбедување оптимално користење на мрежните ресурси при фотографии и видео во комуникација на критични мисии.

Од неколку производители беше презентирано како да се користат Тетра мрежите во СКАДА (scada), Паметни Мрежи (smart grid) и Телеметрија (telemetry).

Airbus презентираше неколку новини меѓу кои користење на тетра пејџери во Хесен Германија од страна на противпожарните служби, употреба на пејџерот во здравствените институции во Финска, најновите тетра терминали со значително подобрени својства THR 9.