Системите за криптозаштита обезбедуваат комуникациите и податоците да останат недопирливи за оние на кои не им се наменети.

Системите за енкрипција ( на Аирбус се единствени во светот кои се HAIPE(R)-сертифицирани*  како далечинско управувани криптографски уреди. Тие можат да пренесуваат доверливи информации класифицирани и како Врвна Тајна (Top Secret) низ јавна телекомуникациска мрежа овозможувајќи им на организациите да ги минимизираат ризиците од кибернетски напад (cyber attack). Криптографските решенија на Аирбус ги забрзуваат услугите на заштита на чуствителни податоци низ организациите.

* HAIPE (R) = High Assurance Internet Protocol Encryptor.


Безбедните радио-комуникации се клучни за прв одговор на гранична безбедност, полициски и воени сили, обезбедување, аеродромски оператори, противпожарни бригади, медицинска прва помош, транспортни компании, нафтени компании.


ТЕТРА радио уреди и додатоци ТЕТРА рачните радио-уреди, мобилните како и податочните радио-уреди од АИРБУС се дизајнирани за говорни и податочни комуникации. Тие работат на кој било стандард на Тетра дигиталните радио-системи. Се одликуваат со големи дисплеи во боја, исклучителна доверливост и отпорност на големи температури, удари, вода и други надворешни влијанија. Исто така тие поседуваат и копчиња кои можат да се прилагодат на корисникот, лесно и едноставно мени и висок квалитет на чујност. Уредите од категоријата EX се исклучително безбедни во ризични околности како високо запалива околина, рудници, пожари, нафтени и компании за гас, високи електростатичен електрицитет и слично. Тие комбинираат високи перформанси со ИП65 стандардот. Притоа уредите овозможуваат висока класа на излезна моќност со што корисникот добива мрежно покривање дури и кога мрежата е на својот лимит. Покрај сè, големата автономија на батериите на рачните уреди овозможува нивно користење без замена на батерија во критични состојби.

Голем дел од портфолиото поддржува ја JavaTM MIDP 2.0 платформата така што корисникот може да развива сопствени апликации под Java.

Широкото портфолио на додатоци се дизајнирани да ги пресретнат специфичните барања за различни кориснички групи, вклучувајќи полиција, пожарникари и медицински работници.

Мобилните радио уреди се користат за во автомобили, мотори, бродови и други возила.

TETRAPOL радио уреди: TETRAPOL рачните радио-уреди, мобилните радио-уреди и податочните радио-уреди од Airbus DS се доверлива и робусна алатка за TETRAPOL говорни и податочни комуникации.

Безбедната информациска инфраструктура обезбедува безбедност на Вашата комуникација.

Claricor® 3 е паметен избор за организации кои бараат безбедна радио комуникација. Тоа е професионален радио-систем кој е трошковно оптимизиран и најчесто ги покрива: 

  • Јавни транспортни рути и локации (автобуси, железница, метро …)
  • Локации на комунални организации (Електроенергетски, рафинерии, рудници, водовод и слично)
  • Индустриски локации


Claricor 3 е базиран на отворен ТЕТРА стандард. Нуди многу напредни функции и не бара големи инвестиции во инфраструктурата.