Крајните корисници, хиперагресивната конкуренција, барањата за брзо излегување на пазарот и регулативните промени засекогаш го променија начинот на кој операторите им пристапуваат на нивните корисници. Истото, заедно со комплексноста на мрежната еволуција, притисоците за профитабилност и банализацијата на основниот бизнис, како говорот и податоците, ги присилија операторите да ги истражуваат иновациите на дотогаш незамисливи начини.

ИЦС Консалтинг Инженеринг како локален и регионален претставник на своите светски водечки партнери, ги поддржува корисниците во еволуцијата на нивните мрежи и бизниси со фокус на клучните трансформациски услуги: мрежи, интеграција, оптимизација и миграција.

Познавањето на околината на ИТ и комуникациските мрежи нè позиционира како доверлив партнер кој своите клиенти ги поддржува да извлечат што повеќе од нивните мрежни инвестиции со олеснување на мрежното планирање и дизајнирање, оптимизирање на мрежната инфраструктура, интеграција на инфраструктури од повеќе добавувачи и доверлива миграција кон инфраструктура од следната генерација.