СИСТЕМИ ЗА СНИМАЊЕ НА СУДСКИ РОЧИШТА
ИЦС Консалтинг Инженеринг како претставник на СРС (Специјални системи за снимање) од Украина, на балканскиот пазар ги нуди нивните решенија. Special Recording Systems е водечка компанија во сферата на развој и производство на дигитални повеќеканални системи за снимање и системи за обработка на говор.

- СРС Фемида дигиталниот систем за аудио и видео снимање претставува иновативно решение, наменето пред сè за потребите на правосудните органи, кое обезбедува објективна регистрација на судските рочишта/постапки, преку аудио и видео снимање на судските процеси и истражни постапки. Преку 8 аудио-канали и видео-камери, овозможува висок степен на транспарентност, креирање во реално време на записници од настаните со индикации за учесниците и настаните од судските рочишта, по хронолошки редослед. Исто така овозможува едноставно и автоматско креирање на електронски и печатени записници, потпишани со дигитален потпис, креирање на податоци за случајот, аудио и видео записи и записник од процесот.

ПОТСИСТЕМ ЗА ЗАШТИТЕН СВЕДОК
Како посебен дел е потсистемот за заштитен сведок (SRS Anonymity System) кој овозможува скривање на идентитетот на заштитениот сведок.
Целиот оперативен систем исклучува можност за неавторизиран пристап до податоците снимени на тврдиот диск, со користење на предефинирани шаблони за различни судски постапки. Снимените судски рочишта на ЦД/ДВД може да бидат репродуцирани на кој било компјутер, без инсталација на дополнителен софтвер.
КОНФЕРЕНЦИСКИ СИСТЕМИ
Конференциските системи што ги обезбедува ИЦС Консалтинг Инженеринг се напредни, лесни за користење, компактни и со мала тежина. Истите обезбедуваат флексибилни можности за сите видови на конференции, од мали, неформални собири, до меѓународни повеќејазични конгреси со илјадници делегати.
Тие се едноставни за користење, интерактивни и многу разновидни, кои им обезбедуваат и на претседателот и на делегатите многу напредни функции што го подобруваат процесот на комуникација и осигуруваат непречено водење на голема конвенција.
Конференциските системи нудат мултифункционално конференциско решение интегрирано со дискусијата, електронското гласање, регистрацијата на присуство, приоритет за претседателот, дисплеј, вграден звучник, слушање на наглавни слушалки, дигитално снимање и софтверска контрола.

TRUE RECORDS
Системот (True Records) нуди робусна, веб-базирана платформа за истовремено повеќеканално аудио-видео снимање, анотација и транскрипција на судски постапки без потреба од инсталација на софтвер. Овозможува далечинско работење, дозволувајќи им на корисниците да управуваат и транскрибираат сесии во реално време или по завршувањето. Со функции како што се автоматизирана транскрипција и анотација со користење на шаблони и инструкции, соработка во реално време меѓу повеќе корисници, управување со задачи и контрола на пристап базирана на улоги, системот ја подобрува ефикасноста и точноста. Дополнителните можности вклучуваат планирање и пребарување на судски сесии, прикачување електронски документи, интегриран разговор и сигурно централизирано складирање - сите изградени врз основа на високо сигурна архитектура.
ИНТЕГРИРАНО РЕШЕНИЕ ЗА СУДСКО СНИМАЊЕ SRS FEMIDA PRO
„SRS Femida Pro“ е интегрирано решение за дигитално снимање аудио, видео и докази и управување со евиденција за судовите. SRS Femida Pro се состои од следниве компоненти:
– SRS Femida – систем за дигитално повеќеканално снимање и анотирање на аудио и видео;
– SRS Femida RMS – систем за управување со записи (аудио, видео, текст и метаподатоци).
SRS Femida Pro претставува комплетно интегрирано решение за дигитално аудио, видео и евидентирање на докази и управување со евиденција на судови, т.е. систем за управување со судски записи. Може да се интегрира со било кој case management systems.