ИЦС Консалтинг Инженеринг на Critical Communications World (CCW) Брисел 2025

Претставници на ИЦС Консалтинг Инженеринг од 16 до 18 јуни присуствуваа на најголемиот светски настан од областа на критичните комуникации, CCW Брисел 2025.

Повеќе од 20 години, Critical Communications World (CCW) ги спојува корисниците на виталните и деловно критичните услуги со производители и добавувачи. Трите дена, колку што трае настанот, се целосно исполнети со вдахновение, знаење и конекции. На настанот беа изложени водечки меѓународни брендови, се одржа конференциска програма предводена од челните стручњаци за критичните комуникации, како и длабински фокус-форуми и кои поттикнуваат соработка преку меѓународни граници.

Во рамките на настанот, менаџментот на ИЦС оствари повеќе значајни средби со претставници на клучни компании од областа на ИТ и телекомуникациите во сферата на јавната безбедност, заштитата и спасувањето. Би ги навеле Airbus DS, Eviden - Франција, Beta 80 - Италија, BXO - Шведска, Aument Hearing - Данска, Cestel - Шпанија, Telox – Кина, Magus Communication – Хрватска.

ИЦС во насока на поддршка на оние кои нè заштитуваат и служат, ги редефинира критичните комуникации. Нашите напредни и сигурни решенија за поврзување и поддршка се дизајнирани да ја подобрат оперативната ефикасност, да го подобрат времето на одѕив и на контакт-персоналот да им се обезбедат алатки што им овозможуваат да останат поврзани кога е најважно.

Проактивно го предвидуваме технолошкото застарување на теснопојасните платформи. Како што Тетра и нејзиниот екосистем постепено доаѓаат во фаза на крај на животниот век и крај на техничката поддршката од производителот, одржувањето на континуитетот на услугите без регресија станува императив. Преодот кон нови технологии не е само додавање нови функционалности, станува збор за национална критична комуникациска инфраструктура што треба да се носи со предизвиците на иднината.

Системите за итни повици 112 од следната генерација ветуваат дека ќе донесат многу придобивки за граѓаните, точките за одѕив на јавни безбедносни повици и центрите за контрола на службите за итни случаи. Најголемата промена за граѓаните е што тие ќе можат да комуницираат со службите за итни случаи преку говор, фотографии, видеа, СМС-пораки и текст во реално време.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *