Нашата мисија е да градиме доверлива и профитабилна компанија со одржлив развој на полето на телекомуникациите и информационите системи притоа обезбедувајќи им на корисниците на професионален начин висококвалитетни производи, решенија и услуги.
ИЦС Консалтинг Инженеринг е приватна компанија формирана во 2008 година. Во почетокот на 2011 година таа стана сертифициран деловен партнер на Алкател-Лусент, за да на крајот на 2011, во декември, ИЦС Консалтинг Инженеринг презеде 100% од акциите на Алкател-Лусент дооел Скопје од Алкател-Лусент Интернешенел (Alcatel-Lucent International) и со тоа стана единствен сопственик на компанијата. На тој начин, ИЦС Консалтинг Инженеринг го капитализираше Алкател-Лусент брендот којшто е препознатлив и ценет на пазарот. ИЦС ја искористи поддршката и експертизата за одржување и професионалните услуги на огромните технички капацитети на Алкател-Лусент, како и палетата од производи и решенија, и со тоа овозможи врвна услуга на телекомуникациските оператори во земјата. Повеќе на следниот линк..
Денеска компанијата е напредно акредитиран партнер на Нокиа.
Од самиот почеток компанијата е фокусирана на иновации во коишто визијата и технологијата ги пресретнуваат потребите на нашите клиенти. Истражувајќи и откривајќи оптимални одговори, нашите клиенти секогаш го имаат најдоброто од производите, сервисите и решенијата. ИЦС Консалтинг Инженеринг делува на полето на телекомуникациската и информатичката технологија, притоа обезбедува набавка на опрема, инсталација, техничка поддршка и консултантски услуги.
ИЦС Консалтинг Инженеринг главно работи во Република Македонија, но како овластен партнер на некои компании обезбедува опрема и реализира проекти и услуги и во поширокиот регион. Квалитетот на своите услуги ИЦС Консалтинг Инженеринг го обезбедува преку деловно партнерство со повеќе светски брендови од доменот на телекомуникациите и информатиката чии висококвалитетни производи, решенија и услуги им ги нуди на корисниците во Република Македонија и со добро обучен персонал кој секогаш им стои на располагање на корисниците. ИЦС како единствен дистрибутер на Airbus Defence and Space за Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, ги прошири своите активности на балканскиот пазар.
Во рамките на Балканот, ICS е овластен претставник за виртуелен пристап, Ирска и специјални системи за снимање, Украина. Во исто време, ICS е овластен дилер за Македонија за Axell Wireless, Vertiv поранешен Emerson Network Power и Adva Optics. Покрај тие компании, ICS е овластен партнер за Macedoia за AVM, Data Locker, Albis-Elcon. Нашата цел, нашиот минимален услов и нашето ветување е – совршенство. Од самиот почеток, ICS Consulting Engineering постигна значителна експертиза предност со комбинирање на технички истражувања и практично искуство, како и посветеност на бизнис менаџмент и поддршка на ИКТ.