Краток опис на компанијата

Нашата мисија е да градиме доверлива и профитабилна компанија со одржлив развој на полето на телекомуникациите и информационите системи притоа обезбедувајќи им на корисниците на професионален начин висококвалитетни производи, решенија и услуги.

ИЦС Консалтинг Инженеринг е приватна компанија формирана во 2008 година. Во почетокот на 2011 година таа стана сертифициран деловен партнер на Алкател-Лусент, за да на крајот на 2011, во декември, ИЦС Консалтинг Инженеринг презеде 100% од акциите на Алкател-Лусент дооел Скопје од Алкател-Лусент Интернешенел (Alcatel-Lucent International) и со тоа стана единствен сопственик на компанијата. На тој начин, ИЦС Консалтинг Инженеринг го капитализираше Алкател-Лусент брендот којшто е препознатлив и ценет на пазарот. ИЦС ја искористи поддршката и експертизата за одржување и професионалните услуги на огромните технички капацитети на Алкател-Лусент, како и палетата од производи и решенија, и со тоа овозможи врвна услуга на телекомуникациските оператори во земјата. Повеќе на следниот линк..

Денеска компанијата е напредно акредитиран партнер на Нокиа.

Од самиот почеток компанијата е фокусирана на иновации во коишто визијата и технологијата ги пресретнуваат потребите на нашите клиенти. Истражувајќи и откривајќи оптимални одговори, нашите клиенти секогаш го имаат најдоброто од производите, сервисите и решенијата. ИЦС Консалтинг Инженеринг делува на полето на телекомуникациската и информатичката технологија, притоа обезбедува набавка на опрема, инсталација, техничка поддршка и консултантски услуги.

ИЦС Консалтинг Инженеринг главно работи во Република Македонија, но како овластен партнер на некои компании обезбедува опрема и реализира проекти и услуги и во поширокиот регион. Квалитетот на своите услуги ИЦС Консалтинг Инженеринг го обезбедува преку деловно партнерство со повеќе светски брендови од доменот на телекомуникациите и информатиката чии висококвалитетни производи, решенија и услуги им ги нуди на корисниците во Република Македонија и со добро обучен персонал кој секогаш им стои на располагање на корисниците. ИЦС како единствен дистрибутер на Airbus Defence and Space за Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, ги прошири своите активности на балканскиот пазар.

ИЦС е претставник за Балканот и за Virtual Access од Ирска и Special Recording Systems од Украина, како и овластен дистрибутер/партнер за Македонија за Axell Wireless, Vertive поранешен Emerson Network Power и Adva Optics. Покрај нив компанијата е овластен партнер за Македонија и за AVM, Data Locker, Albis-Elcon. Нашата цел, нашите минимални барања, и нашето ветувања - е совршеност. Од самиот почеток, ИЦС Консалтинг Инженеринг има постигнато значителна предност во експертиза со комбинирање на технички истражувања и практично искуство, и посветеност на бизнис менаџмент и ИКТ поддржани методи. Долгогодишното искуство на нашиот клучен персонал ни овозможи да се развијат специјализирани вештини, методологии и системи, кои се рефлектираат во секој аспект на нашите услуги.

Телекомуникации

ИЦС Консалтинг Инженеринг нуди комплетни решенија - од корисничка опрема и каблирање до клучни мрежни уреди, интегрирани со оптимален дизајн кој ги задоволува најдобро корисничките барања. Професионалните услуги како дел од комплетните решенија вклучуваат експертски дизајн, управување со проекти, имплементација, тестирање и пуштање во работа. Исто така обезбедуваме и обуки на персоналот на корисниците согласно со нивните потреби.

Клучниот тим од телекомуникациски експерти со поддршка од Алкател-Лусент и други компании обезбедуваат техничка поддршка и одржување на различни технологии за различни клиенти. Компанијата е авторизиран партнер на повеќе реномирани телекомуникациски компании како Alcatel-Lucent од Франција, Axell Wireless од Велика Британија, Overture Networks од САД и Virtual Access од Ирска.

Напојување

Компанијата е официјален авторизиран дистрибутер за Македонија на EMERSON Network Power САД, глобалниот лидер во производство и технологии за напојување (агрегати, системи за непрекинато напојување, инвертори, исправувачи), климатизација и индустриска автоматика.

ИЦС реализираше неколку проекти кај клучни корисници како Близу, водечкиот кабелски оператор во земјата, ТАВ Македонија – концесионерот на двата македонски аеродроми, Македонска царина, Министерство за внатрешни работи на Македонија, Македонски Телеком, Т-Мобиле Македонија и А.Д. ЕЛЕМ.

Аудио/Видео

Компанијата исто така нуди клуч на рака решенија за различни аудио-видео проекти како видео надзор, аудио-видео конференциски системи и специјално дизајнирани системи. ИЦС тесно соработува со Special Recording Systems од Украина, и е претставник на оваа компанија за балканските земји. Со СРС реализирани се различни проекти во Министерството за правда, основните и апелационите судови во земјата, Агенцијата за заштита на личните податоци, јавните обвинителства па сè до најновата софистицирана судница со заштитен сведок на правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Најголем дел од овие проекти се финансирани преку УСАИД програмата за рефoрми во судството, ИПА фондовите на ЕУ и Американската амбасада во Скопје.

Безбедни Комуникации

ИЦС Консалтинг Инженеринг е овластен дистрибутер на AIRBUS Defence and Space за Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Како таков обезбедува решенија и опрема за институции во јавната безбедност почнувајќи од МВР, Противпожарни бригади, Брза помош и слични установи.

Во 2010 година ИЦС ја доби наградата за најдобар светски дистрибутер на оваа реномирана компанија.

Решенијата и производите на оваа компанија во областа на заштитената и безбедна радио-комуникација ги користат повеќе министерства за внатрешни работи на Балканот.

Безбедната радио-комуникација е од клучна важност како прв одговор за граничната безбедност, одбраната и за полициските сили, понатаму за аеродромски оператори, мобилни работници во транспортни компании, енергетски компании, нафтени и гасни компании, транспортни компании, енергетски компании, нафтени и гасни компании.

Тетра радијата и придружната опрема од АИРБУС ДС се дизајнирани за говорни и податочни комуникации со највисок квалитет и највисока безбедност притоа овозможувајќи комуникации и во најекстремни ситуации.