Крипто системите обезбедуваат комуникациите и податоците да останат неразбирливи за странци.

Основните крипто системи на Airbus се единствените криптографски уреди за далечинско работење во Европа кои се сертифицирани од HAIPE (R).

* HAIPE (R) = High Assurance Internet Protocol Encryptor.

Тие можат да пренесуваат доверливи информации класифицирани и како Врвна Тајна (Top Secret) низ јавна телекомуникациска мрежа овозможувајќи им на организациите да ги минимизираат ризиците од кибернетски напад (cyber attack). Криптографските решенија на Аирбус ги забрзуваат услугите на заштита на чуствителни податоци низ организациите.


Безбедната радио комуникација е од суштинско значење за службите за прва интервенција, граничната безбедност, одбранбените и воените сили, за операторите на аеродроми и за мобилната работна сила во транспортните компании, енергетските компании, компаниите за нафта и гас и комуналните услуги.


ТЕТРА радио уреди и додатоци ТЕТРА рачните радио-уреди, мобилните како и податочните радио-уреди од АИРБУС се дизајнирани за говорни и податочни комуникации. Тие работат на кој било стандард на Тетра дигиталните радио-системи. Се одликуваат со големи дисплеи во боја, исклучителна доверливост и отпорност на големи температури, удари, вода и други надворешни влијанија. Исто така тие поседуваат и копчиња кои можат да се прилагодат на корисникот, лесно и едноставно мени и висок квалитет на чујност. Уредите од категоријата EX се исклучително безбедни во ризични околности како високо запалива околина, рудници, пожари, нафтени и компании за гас, високи електростатичен електрицитет и слично. Тие комбинираат високи перформанси со ИП65 стандардот. Притоа уредите овозможуваат висока класа на излезна моќност со што корисникот добива мрежно покривање дури и кога мрежата е на својот лимит. Покрај сè, големата автономија на батериите на рачните уреди овозможува нивно користење без замена на батерија во критични состојби.

Голем дел од портфолиото поддржува ја JavaTM MIDP 2.0 платформата така што корисникот може да развива сопствени апликации под Java.

Broaden portfolio of accessories are designed to meet demand from different user groups including police and military, fire brigade and healthcare.  Мобилните радио уреди се користат за во автомобили, мотори, бродови и други возила.


Сè повеќе професионалци користат и TETRA радио и паметен телефон за работа. Но, има добри вести: функциите на радио- за критични комуникации и паметен телефон се комбинирани во хибриден уред на Airbus, Тактилон Дабат .Тактилон Дабат е смартфон со TETRA радио вградено внатре во него. Моќете да го користите како TETRA радио за критични комуникации или пак како паметен телефон за мобилни апликации и специјални апликации за јавна безбедност. 


Безбедната информациска инфраструктура обезбедува безбедност на Вашата комуникација.

Claricor® 3 е паметен избор за организации кои бараат безбедна радио комуникација. Тоа е професионален радио-систем кој е трошковно оптимизиран и најчесто ги покрива: 

  • Јавни транспортни рути и локации (автобуси, железница, метро ...)
  • Локации на комунални организации (Електроенергетски, рафинерии, рудници, водовод и слично)
  • Индустриски локации

Claricor 3 е базиран на отворен ТЕТРА стандард. Нуди многу напредни функции и не бара големи инвестиции во инфраструктурата.

 

Today 04-08-2025 you use ruffle!
Today 04-08-2025 you use ruffle!