Нашите консултантски услуги се фокусирани на критичните потреби на клиентите, започнувајќи од менаџмент, преку организација, технологија и трансформација.

Ние носиме длабока функционална експертиза која придонесува за подобрување на работењето, но и на носење на дополнителна вредност на компаниите.

Во соработка со светски признати компании како Грант Торнтон (Grant Thornton) и Делојт (Deloitte) сме учествувале во проекти како приватизација на ПТК Косово, Издавање на Оптички кабел под концесија на Агенцијата за патишта на Косово, Проценка на вредноста на телекомуникациските средства на ОНЕ Македонија, Изработка на проектна документација за имплементирање на ЕРП решение за Катастар на РМ, различни физибилити студии и длабински анализи, деловни стратегии и слично за потребите на УСАИД, Светска банка и други значајни чинители во земјата.

Во доменот на телекомуникациите, на компаниите им нудиме консултантски услуги за изградба на мрежи кои ги задоволуваат нивните потреби, кои се флексибилни и лесно надградливи, како и за воведување на нови услуги на пазарот.

Исто така, на компаниите им нудиме консултантски услуги во делот на маркетингот и регулативата во телекомуникациите.