БЕЗБЕДНИ КОМУНИКАЦИИ
Крипто системите обезбедуваат комуникациите и податоците да останат неразбирливи за странци.
Основните крипто системи на Airbus се единствените криптографски уреди за далечинско работење во Европа кои се сертифицирани од HAIPE (R).
Тие можат да пренесуваат доверливи информации класифицирани и како Врвна Тајна (Top Secret) низ јавна телекомуникациска мрежа овозможувајќи им на организациите да ги минимизираат ризиците од кибернетски напад (cyber attack). Криптографските решенија на Аирбус ги забрзуваат услугите на заштита на чуствителни податоци низ организациите.
Безбедната радио комуникација е од суштинско значење за службите за прва интервенција, граничната безбедност, одбранбените и воените сили, за операторите на аеродроми и за мобилната работна сила во транспортните компании, енергетските компании, компаниите за нафта и гас и комуналните услуги.
ТЕТРА радио уреди и додатоци ТЕТРА рачните радио-уреди, мобилните како и податочните радио-уреди од АИРБУС се дизајнирани за говорни и податочни комуникации. Тие работат на кој било стандард на Тетра дигиталните радио-системи. Се одликуваат со големи дисплеи во боја, исклучителна доверливост и отпорност на големи температури, удари, вода и други надворешни влијанија. Исто така тие поседуваат и копчиња кои можат да се прилагодат на корисникот, лесно и едноставно мени и висок квалитет на чујност. Уредите од категоријата EX се исклучително безбедни во ризични околности како високо запалива околина, рудници, пожари, нафтени и компании за гас, високи електростатичен електрицитет и слично. Тие комбинираат високи перформанси со ИП65 стандардот. Притоа уредите овозможуваат висока класа на излезна моќност со што корисникот добива мрежно покривање дури и кога мрежата е на својот лимит. Покрај сè, големата автономија на батериите на рачните уреди овозможува нивно користење без замена на батерија во критични состојби.
Голем дел од портфолиото поддржува ја JavaTM MIDP 2.0 платформата така што корисникот може да развива сопствени апликации под Java.
Широкиот портфолио на додатоци се дизајнирани да ги задоволат барањата од различни групи корисници, вклучувајќи полиција и војска, пожарникари и здравствена заштита. Мобилните радио уреди се користат во автомобили, мотоцикли, чамци.
Сè повеќе професионалци користат и TETRA радио и паметен телефон за работа. Но, има добри вести: функциите на радио- за критични комуникации и паметен телефон се комбинирани во хибриден уред на Airbus, Тактилон Дабат .Тактилон Дабат е смартфон со TETRA радио вградено внатре во него. Моќете да го користите како TETRA радио за критични комуникации или пак како паметен телефон за мобилни апликации и специјални апликации за јавна безбедност.
Безбедната информациска инфраструктура обезбедува безбедност на Вашата комуникација.
Claricor® 3 е паметен избор за организации кои бараат безбедна радио комуникација. Тоа е професионален радио-систем кој е трошковно оптимизиран и најчесто ги покрива:
Claricor 3 е базиран на отворен ТЕТРА стандард. Нуди многу напредни функции и не бара големи инвестиции во инфраструктурата.
ФИКСНИ ПРИСТАПНИ МРЕЖИ
ИЦС Консалтинг Инженеринг нуди широка палета на решенија на НОКИА за пристапни мрежи со висок капацитет преку бакарен или оптички медиум, за да ја задоволи сè поголемата потреба на операторите и јавните институции за ултра брз пренос. Ние ги овозможуваме најбрзите и најекономичните решенија со кои се задоволуваат барањата на корисниците и технологијата.
Оптички пристапни мрежи
Со помош на решенијата на НОКИА, ИЦС Консалтинг Инженеринг ви помага да изградите оптичка мрежа на иднината. Со нашите решенија, секогаш ќе бидете еден чекор пред потребите на корисниците за поголем проток, комбинирајќи ја нашата стручност во планирање на пристапни мрежи и оптичките решенија на НОКИА-GPON и NGPON со најголем капацитет на пазарот. Со големото искуство кое го имаме, ги намалуваме ризиците на Вашиот бизнис, воедно зголемувајќи ја искористеноста на Вашата мрежа.
Бакарни пристапни мрежи
Со користење на VDSL2 Vectoring и G.Fast решенија на НОКИА можете да добиете подобри перформанси од вашата постоечка бакарна мрежа. Водечки светски оператори ширум светот го користат VDSL2 Vectoring решението, кое обезбедува брзини до 100 Mbit/s на растојанија до 600 метри, користејќи ја постоечката бакарна инфраструктура. NOKIA G.fast дозволува мрежните оператори да ја донесат брзината на оптичките влакна до бакарните линии. Со докажани решенија за FTTx и експертиза за распоредување од Nokia и ICS, можете да го користите G.fast за побрзо ширење FTTH и проширување на ултра-широкопојасните услуги на секој претплатник.
СОФТВЕРСКИ ДЕФИНИРАНИ ПРИСТАПНИ МРЕЖИ
Со години на брз раст на бројот на претплатници, опсегот и сообраќајот, мрежите со фиксен пристап станаа разновидни, мулти-технолошки средини. Без разлика дали се бакар, оптиќки влакна или HFC, растечкиот број на мали, далечински и широко дистрибуирани пристапни јазли ја зголемија комплексноста на мрежата, комплексноста на услугите и трошоците.
Nokia софтверски дефинирани мрежи за пристап (SDAN) ја поедноставуваат мрежата на начини што ја обновуваат вашата способност за сразмерност, истовремено подобрувајќи ја агилноста и одржувајќи ги трошоците под контрола. Виртуелизацијата им овозможува на операторите да ја автоматизираат мрежата и да отклучуваат нови можности со интелигентен пристап до облак.
SDAN користи софтверско дефинирано вмрежување (SDN) и виртуелизација на функцијата на мрежата (NFV) за да ги забрза циклусите на иновации во мулти-вендорна средина, да искористат платформи за облак што чинат ефективно и ја поедноставуваат ИТ интеграцијата и да ја зголемат можноста за програмирање и автоматизирање на мрежата. Софтверски дефинирани мрежи за пристап ви даваат оптимизирана мрежа за пристап до следната генерација на пристапни мрежи.