Со најновиот партнерски договор ИЦС Консалтинг Инженеринг е промовиран покрај за Македонија, како партнер на Нокиа и за Србија, Црна Гора и Косово

Со особено задоволство објавуваме дека, како резултат на долгогодишната успешна меѓусебна соработка, ИЦС Консалтинг Инженеринг го зајакна партнерството со Нокиа со проширување пазарите во неколку блиски земји. Имено, на предлог на Нокиа, со последниот партнерски договор меѓу Нокиа и ИЦС Консалтинг Инженеринг, ИЦС стана партнер на Нокиа и за пазарите во Србија, Црна Гора и Косово. Нокиа е главниот партнер на ИЦС Консалтинг Инженеринг во областа на телекомуникациите, a соработката е започната во 2011 година со Алкател-Лусент. Во овој период ИЦС Консалтинг Инженеринг постојано вложуваше во едукација на своите вработени, за совладување на различните технологии кои ги пласираме на пазарот.

Според градацијата на Нокиа постојат три нивоа на партнерство: авторизиран партнер, напреден партнер и експерт партнер.

Во моментов ИЦС Консалтинг го има највисокото ниво на партнерство за 2 технологии, а други две е напреден партнер:

• Експерт партнер на Нокиа за фиксни мрежи

• Експерт партнер на Нокиа за микробранови уреди

• Напреден партнер на Нокиа за оптика

• Напреден партнер на Нокиа за ИП технологија

Се обврзуваме дека и понатаму ќе ја продолжиме успешната соработка со Нокиа на пазарот во Македонија, и веруваме дека во наредниот период, ќе имаме плодна и успешна соработка и на новите пазари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *