10-ти јубилеен семинар на овластени дистрибутери на АИРБУС (АIRBUS DEFENCE & SPACE)

За време на семинарот на овластени дистрибутери на Airbus тимот на ИЦС Консалтинг Инженеринг имаше можност да се сретне и размени искуства со дистрибутери од 60 земји во светот, како и да ги добие најновите информации за пазарот на Тетра комуникации. Се сретнаа со експертите на Аирбус од кои добија информации за најновите производи и специфични пазарни решенија. Исто така имаше можност за запознавање на решенија подготвени од партнерите на Аирбус, како и согледување на новите насоки на користење на Тетра и Широкопојасните мрежи. Беа разменети нови свежи идеи и искуства кои можат да се применуваат и на нашите простори.

Беа презентирани неколку новини меѓу кои користење на тетра пејџери во Хесен Германија од страна на противпожарните служби, употреба на пејџерот во здравствените институции во Финска, најновите тетра терминали со значително подобрени својства THR 9, мини базните станици Кларикор кои се идеални за аеродроми, рудници, електродистрибуции .

На крајот презентациите од страна на специјалистите од Аирбус како и најновите информации дадоа нови идеи за развивање на потенцијални нови пазари и корисници со што ќе се зголеми нашата продажба.

*Аирбус одбрана и вселена (Airbus Defence & Space) досега има имплементирано преку 280 Тетра мрежи во 74 земји во светот. Таа е лидер на пазарот за критични комуникации со фокус на центри за ургентни комуникации (911, 112), професионални мобилни радио комуникации, мрежни решенија, радио терминали, диспечерски единици, и безбедносни оперативни центри и сервиси.