Системи за аудио-визуелно снимање во јавните обвинителства

Во рамките на проектот „Набавка на специјализирана опрема за истражните центри на јавните обвинителства“, ИЦС Консалтинг Инженеринг го дизајнира и имплементира решението за аудио-визуелно следење на постапките во истражните центри во 19 јавни обвинителства. Ова решение е базирано на системот СРС Фемида на нашиот деловен партнер СРС од Украина. 

СРС Фемида системот обезбедува објективна регистрација на истражната постапка, преку аудио и видео снимање. Имплементирано е решение со 4 микрофони и 2 видео камери, инсталирани во истражните центри, со што се овозможува висок степен на транспарентност во постапката. Системот обезбедува креирање во реално време на записници од настани со индикации за учесниците и настаните на постапките, по хронолошки редослед, овозможува едноставно и автоматско креирање на електронски и печатени записници, потпишани со дигитален потпис, овозможува креирање на податоци за случајот, (број на постапката, учесници, сериски број на ЦД/ДВД на кој се снима процесот, имиња на настани и забелешки), аудио и видео записник и записник од процесот. Исто така, целиот оперативен систем исклучува можност за неавторизиран пристап до податоците, снимени на тврдиот диск, со користење на предефинирани шаблони за различни постапки, со тоа што снимените судски рочишта на ЦД/ДВД може да бидат репродуцирани на кој било компјутер, без инсталација на дополнителен софтвер.

Со ваквото решение истражните центри на јавните обвинителства ја зголемуваат нивната ефикасност, ефективност и транспарентност при работата.