Светски бродбенд - форум 2014

Во својата 14 година Светскиот бродбенд-форум (форум за широкопојасни производи и услуги) е глобално место за средба на индустријата за широкопојасни производи и услуги, собирајќи ги на едно место водечките оператори и производители за да одговорат на најновите отворени прашања и можности.

Со преку 7.800 учесници од мобилните, фиксните и кабелски оператори, национални и меѓународни влади и светските водечки провајдери на решенија, Светскиот бродбенд-форум е возбудливо место за да се сретне цела телко индустрија под еден покрив и да се идентифицираат најновите иновации во мрежите, оптимизација на услугите и customer monetization.

Светскиот бродбенд-форум е одлична можност да се види што другите работат на различни пазари, да се разбере како трендовите во телекомуникациите се шират глобално и ако е потребно како да се прилагоди сопствената стратегија за да се има успех на пазарот.

Меѓу 7.800 посетители на Светскиот бродбенд-форум се најдоа и тројца вработени на ИЦС Консалтинг Инженеринг кои во фокусот на светските случувања на ова поле се запознаа со најновите збиднувања и предизвици.

Неколку прашања беа посебно интересни за ИЦС Консалтинг Инженеринг:

• Како побрзо да се задоволат барањата – во борбата за што побрзо исфрлање на пазарот на производи и услуги, опфаќање на што поголем број на корисници, како и скратување на периодот за поврат на инвестициите ова прашање е од пресуден интерес.

•Како да се биде прв до новите можности – за да стекнат конкурентна предност операторите постојано бараат креативни услуги и унапредување на постојните опции.

• Како да се биде поблиску до корисниците – Од огромна важност за редовното функционирање се теренските техничари и грижата за корисници т.е. брзото и ефективно обезбедување на услуги и решавање на кориснички барања и проблеми.

•Кои се новитетите на подрачјето на фиксните пристапни мрежи и како да се прилагодат овие решенија во македонски услови.

На овој светски собир Алкател-Лусент беше награден со две награди и тоа како најиновативен провајдер на решенија (Most Innovative Solution Provider) за 2014 година со своето VDSL2 векторинг решение, како и награда за најиновативно решение во широкопојасните пристапни мрежи (Best Broadband Access Innovation) со G.fast векторинг решението кое овозможува огромни брзини do 1 Gbit/s преку бакарни парици пократки од 250 метри.