Критични комуникации Европа 2014

После Будимпешта 2011, Хелсинки 2012, Париз 2013, ИЦС Консалтинг Инженеринг учествуваше и на Критични Комуникации Европа, Амстердам 2014 – европскиот самитот за тетра мрежи.

Во Амстердам главна тема беше како масовните критични комуникации ќе се менуваат во наредните 10 години. Како треба да се менуваат мрежите и услугите да се достигнат потребите од следната генерација на корисници на критичните комуникации. Алкател-Лусент и Аирбус ги презентираа најновите заеднички достигнувања на ЛТЕ мрежите и ТЕТРА мрежата, односно каква е иднината на Тетра во светло на мобилниот броадбенд за корисниците на критичните комуникации. Исто така имаше и изложба на последните иновации во делот на тетра терминалните уреди, а Касидиан (Airbus Defence and Space) го презентираше и првиот Тетра базиран пејџер кој веќе има примена во Германија. При тоа беше разговарано со претставници од МВР од Балканот за примена на ова техничко достигнување и кај нај во регионот.

Алкател-Лусент и Аирбус работат повеќе години на интеграција на ЛТЕ мрежите со Тетра мрежите, па така сега безбедносните сили можат да имаат безбедни широкопојасни радио комуникации за размена на голем волумен на податоци во екстремни ситуации (земјотреси, поплави и сл.) во делови каде нема радио покривање.

* TETRA (Terrestrial Trunked Radio) е прифатен стандард на дигитално радио за критични комуникации. TETRA е отворен стандард кој се фокусира на достигнување на потребите од комуникација во јавната безбедност и безбедносни агенции и зголемените потреби на пазарот. Технологијата е стандардизирана од ETSI (The European Telecommunications Standards Institute). Како и GSM и другите мобилни мрежи радио инфраструктурата на TETRA е базирана на радио пропагација базирана на технологија на келии. Фреквентниот опсег на TETRA во Европа е помеѓу 380-400 MHz за комуникации во итни случаеви.

TETRA стандардот постојано се надоградува па така во моментот покрај говорната комуникација овозможува податочен пренос, кратки пораки и зголемен број на апликација развиени специфично за критични комуникации.

Главната намена на TETRA мрежите е за користење од владите за јавна безбедност, воени цели и одбрана како и во други јавни услужни дејности.