Дигитален систем за радио-комуникации за потребите на полицијата (ТЕТРА 3)

ИЦС Консалтинг Инженеринг беше дел од екипата во реализацијата на завршната фаза на проектот „Дигитален систем за радио-комуникации за потребите на полицијата“ (ТЕТРА 3) при што даде значителен придонес во истиот. ИЦС Консалтинг Инженеринг ги имплементира насочените радио-врски со производите на Алкател-Лусент MPR 9500, напојувањето со уредите на Емерсон и ги обезбеди Тетра терминалите од нашиот деловен партнер Ербас Дифенс енд Спејс (Airbus Defence and Space).

Проектот е реализиран со висок квалитет и во предвидениот рок и во тој поглед според зборовите на консултантот на проектот господинот Габор Фришман проектот воведува „нови стандарди“ во Македонија. Значењето на оваа оценка е дотолку поголема што самиот проект е опишан како проект со „невидена комплексност“.

Ваквиот успех на проектот пред сè се должи на професионалноста на учесниците, нивниот тимски дух, континуиран надзор, моменталните реакции, посветеноста и сосредоточеноста на имплементацијата.

Секако не треба да се занемари и придонесот на успехот што се должи и на придобивките што ги носат вградените производи.

Микробрановите уреди на Алкател-Лусент се карактеризираат со едноставна и брза инсталација, мала енергетска потрошувачка и мал потребен простор. Притоа обезбедуваат висока доверливост и расположливост на услугите, со ниски трошоци за редовно одржување.

Имајќи ги предвид тешките услови на работа на локациите, посебно внимание и барања му се дадени на напојувањето на уредите. Истото е обезбедено со исправувачи од производителот Емерсон кои се карактеризираат со висока расположливост, висока ефикасност, широк температурен распон на функционирање, широк распон на влезниот напон

Посебно чувство за крајниот корисник даваат и тетра терминалите за радио-комуникација кои се најтенки и најлесни во својата класа, но со високи перформанси во екстремни работни услови на комуникациски барања, а од Тетра асоцијацијата наградени за најдобар Тетра производ во 2013 година.