ИЦС Консалтинг Инженеринг на Симпозиумот на деловни партнери на Алкател-Лусент

Имајќи ја предвид менливоста на телекомуникацискиот пазар и колку иднината на една организација зависи од разбирањето на економските, општествените и технолошките промени, и како тие влијаат на деловната околина и особено на организацијата, Алкател-Лусент го организира вториот Симпозиум на деловни партнери на Алкател-Лусент.

ИЦС Консалтинг Инженеринг е една од првите компании која влезе во деловно партнерство со Алкател-Лусент (2011 година). На овој симпозиум ИЦС Консалтинг Инженеринг зеде учество со тројца свои претставници.

Преку сведоштвата на деловните партнери и промените кои Алкател-Лусент ги имплементира, се бараат начини за размена на вредности меѓу партнерите и Алкател-Лусент, сè во интерес на што побрзо и поефикасно задоволување на заедничките корисници како единствен начин за обезбедување на просперитет како на партнерите, така и на Алкател-Лусент.

Пазарниот успех во голема мера зависи од позиционирањето на портфолиото, па во таа смисла дел од времето се посвети на оваа тема.

Посебно внимание се обрна на иновацијата како главен пазарен диференцијатор за градење на иднината.