ИЦС Консалтинг Инженеринг и Бета80 од Милано го имплементираа Европскиот број за итни ситуации Е-112

На 11.02.2022 официјално е пуштен во работа единствениот број за итни ситуации Е-112. Овој значаен проект за Македонија е имплементиран од нашата компанија ИЦС Консалтинг Инженеринг во соработка со Бета 80 од Италија, а со финансиска поддршка од Европската Унија. Целта на овој комплексен проект е зајакнување на институционалните капацитети на релевантите институции за обезбедување на континуирана координација, навремени одговори и ефикасно користење на достапните капацитети и ресурси во случај на кризни ситуации. Бројот за пријава на итни случаи 112 како единствен европски број со ваква намена е веќе воспоставен во повеќето европски држави. Неговата реализација опфати обезбедување на опрема и апликации за обезбедување на оваа услуга како и интеграција со веќе воспоставените служби Полиција (192), Противпожарна служба (193) и Брза помош (194).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *