Менаџмент системот на ИЦС Консалтинг Инженеринг сертифициран и со ИСО 20000:2018 ИТ Сервис Менаџмент

IT Service Management

Ние во ИЦС Консалтинг Инженеринг сме горди да објавиме дека нашиот менаџмент систем покрај веќе сертификацијата со стандардите ИСО 9001:2015 и ИСО 14001: 2015, сега е сертифициран и со стандардот ИСО 20000-1 : 2018. ИСО 20000-1 : 2018 менаџмент системот покрива инсталација и пуштање во работа, одржување и техничка поддршка на опрема согласно нашиот сервисен каталог. Со новосертифицираниот систем за менаџмент на ИТ услуги како и со претходно сертифицираните систем за менаџмент со квалитет и систем за менаџмент на животна средина, нашите корисници можат да бидат сигурни дека ние сакаме да бидеме најдобри во тоа што го работиме и дека ние сме посветени на нивните потреби и менаџирање на квалитетот и сигурноста во нашето работење. Овој успех е резултат на нашите напори и цели за постојано подобрување на производите и услугите кон нашите корисници и тие немаше да бидат постигнати без тесна соработка во компанијата со нашите корисници, партнери и добавувачи. Во очекување сме на нови можности и проекти со нашите долгорочни, но и нови партнери и корисници.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *