Непрекинато напојување на сигнализацијата на полетно-слетната писта на аеродромот Александар Велики за нејзина поголема расположливост

ИЦС Консалтинг Инженеринг го проектира и имплементира решението за зголемување на моќноста на непрекинатото напојување за вертикална светлосна сигнализација на полетно-слетната писта на аеродромот Александар Велики во Скопје. Ова решение е базирано на уредите за непрекинато напојување Хлорајд 80-Нет (Chloride 80-Net) на нашиот деловен партнер Емерсон кои се врзани во паралела со постојниот систем за непрекинато напојување Мастергард од серијата Д (Masterguard D-Series). На овој начин, корисникот ја обезбеди потребната моќност и доверливост со оптимално користење на постојните ресурси.

ТАВ Македонија изрази посебно задоволство од имплементираното решение како и од неговата изведба во поглед на квалитет и рокови.

Уредите Хлорајд 80-Нет се дизајнирани без трансформатор, со технологија на двојна конверзија која обезбедува извонредни заштеди како на почетните (инсталациски), така и на редовните (оперативни) трошоци, истовремено обезбедувајќи првокласна заштита на потрошувачите.

Уредите Хлорајд 80-Нет можат да работат во паралелна модуларна конфигурација. За оваа цел уредите со иста излезна моќ се врзуваат во паралела за да формираат повеќемодулни конфигурации. Со паралелна врска се зголемува доверливоста на системот, неговата моќ или и двете.

Во паралела може да се врзат до осум уреди со што се постигнува голема флексибилност и доверливост.

Мултимодулниот систем се контролира и следи со контролирање на индивидуалните уреди за непрекинато напојување. Контролата на паралелниот систем се распределува меѓу единиците. Бајпас линиите и инверторите на секој уред го споделуваат товарот. Процентуалната разлика во оптоварувањето на уредите е помала од 5%. Комуникациската магистрала поврзана во прстен овозможува распределба на товарот дури и при нејзин прекин. Повеќе за производната програма може да се прочита на следниот линк..